Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези

by fokus

Поранешни борци на ИСИС со потекло од Македонија, раскажуваат за нивното учество во екстремистичата организација. Едниот 30-годишен, другиот едвај 23. И двајцата четири години се бореле на страната на злогласената Исламска држава, пред да паднат во рацете на силите на Курдската милиција. Интервјуата се дадени за сириската агенција АНХА во рубриката насловена „Исповеди“, датираат од лани и најверојатно се направени во еден од затворите во Северна Сирија, пишува „Канал 5“.

Велат дека биле инспирани од Светата војна, а не од парите, а патот до боиштата е добро организиран и речиси секогаш води по маршруатата Скопје-Истанбул-Газиантеп – Џараблус, град кој е првата станица на сирискиот фронт.

-Од Македонија сум. Во Сирија заминав во октомври 2013-та година. Прво бев во градот Тил Рифат.  Таму минав 20 дневна обука, која вклучуваше и воени вежби и верски часови.  Се борев против силите на Курдската милиција и против Слободаната сириска армија. Во Сирија и се женив и имав две деца, вели поранешниот припадник на ИСИС од Македонија.

– Со активностите на ИСИС се запознав на интернет. Потоа почнав да вршам пропаганда меѓу младите во Македонија, зашто верував дека се бориме во името на Исламот. Им помогнав на многумина од Македонија да стигнат во Сирија. По повеќемесечна обука, станав одговорен на исламската милиција во Џараблус, вели поранешен припадник на ИСИС од Македонија

Според информациите на „Канал 5“ и двајцата најверојатно се меѓу седуммината притворени, кои пред два дена беа доведени во земјава под сомнение за учество на странски боишта. Нивниот идентитет и возраст, објавен од агенцијата АНХА, целосно се совпаѓа со иницијалите, кои ги објави МВР.

-На сите поддржувачи на ИСИС во Европа им велам да останат подалеку од Исламската држава. ИСИС е лажно исламско движење.  Видов страотни сцени на масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези. Кога го видов тоа, побегнав и им се предадов на сириските демократски сили, вели припадникот на ИСИС.

-Со цивилите се однесуваа варварски. Сите надвор од нивната група ги гледаа како робови, особено жените Јазиди. Тие не го претставуваат Исламот, вели припадникот на ИСИС.

Поврзани новости