Џенифер Лопез за малку ќе загинела на снимањето на новиот филм

by fokus

Во интервју за BuzzFeed, Џенифер Лопез раскажа како било на снимањето на нејзиниот нов филм „Shotgun Wedding“, а со неа гостувале и нејзините колеги Џош Думел и Џенифер Кулиџ.

На прашањето кој најверојатно може да го изведе трикот со кршењето на врат од прв обид, Лопез рече дека таа и Думел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа споделила како таа за малку ќе загинела снимајќи една сцена.

„Освен еднаш кога за малку ќе паднав преку карпа. Тоа не беше забавно. Да, тоа е вистина. Ја знаете сцената каде што мојот фустан се фаќа за мотор? Еднаш фустанот ми се закачи за моторот и ме повлече на другата страна, го погледнав Џош и му реков: Џош, не ме пуштај, те молам. Тој рече: Те држам. Ако паднеш ти, ќе паднеме сите“, сподели Џеј Ло.

Поврзани новости