Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Алибаба.

Тој заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари.

Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на Алибаба, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде се наоѓа седиштето на Алибаба.

Ма во 2014 година ја формираше Џек Ма фондацијата, истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.