530
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Законот за јазиците ќе стапи на сила и покрај тоа што претседателот Иванов одбива да го потпише.
-Законот ќе сепрогласи без потпис од претседателот, бидејќи тој одбива, а Уставот има соодветни одредби со кои ги обврзува сите носители на функции да го почитуваат Уставот и да не ги попречуваат другите институции во работата. Претседаталот за тоа еден ден ќе одговара. Законот ќе биде објавен во службен весник со образложение дека претседателот одбива да го почитува Устваот и да го потпише Законот, рече Џафери.
На прашањето кога ќе го прати Законот во Службен весник, тој рече дека тоа е негова одлука.