Џафери за пцуењето може да биде казнет најмногу со „јавна опомена“

by fokus

Во текот на минатата недела ВМРО-ДПМНЕ и на писмено поднела пријава до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања против претседателот на Собранието, Талат Џафери. Пријавата се однесува на случајот со пцуењето на вработените во собраниската служба, што отиде и во етер на Собранискиот канал.

Претседателот на Комисијата, Панчо Минов во изјава за „Фокус“ вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја поднела пријавата заедно со доказите и тој најверојатно оваа недела ќе свика седница по ова прашање.

За тоа дали ќе го повика собранискиот спикер да даде изјава и да одговара на прашања за обвинувањата, Минов вели дека според правилата на Кодексот, треба да биде повикан подносителот, додека оној на кој се однесува пријавата, може да даде свое мислење по наводите.

Извадок од Кодексот

Според Етичкиот кодекс на Собранието, „пратеникот кој што врши притисок на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието во извршувањето на нивните работни задачи“ извршил „тешка повреда“ на Кодексот.

Најголемата казна која Комисијата може да му ја изрече на Џафери за тоа што ги пцуеше вработените е „јавна опомена“.

По поднесената пријава, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања треба да свика седница. Според Кодексот, по потреба може да бидат повикани двајца експерти за етички работи за консултации: еден  по предлог на власта, еден по предлог на опозицијата.

Катерина Смилева Божиновска

 

 

Поврзани новости