Џафери за нападот од Груевски: Тоа е резултат на неговата психолошка криза

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го окарактеризира како психилошка криза нападот од страна на Никола Груевски на седницата на која се гласаше за Законот за употреба на јазиците. За интервју на српската телевизија N1, Џафери изјави дека нема личен проблем со Груевски по инцидентот на собраниската седница.

„Како тогаш го коментирате тоа што и физички Ве нападна во текот на расправата за Законот за јазиците“, го праша новинарката.

 – Тоа е резултат на психолошката криза во смисла на тоа во каква состојба се наоѓа моментално ако се земе предвид сите кривични дела и постапкти што се водат против него, како и тоа што на вонреден конгрес го отстапи местото претседател на партијата. Сметам дека тоа е одраз на лична криза, не можел да се контролира во дадениот момент. Јас реков, дека на таа седница очекував се, но никако не очекував дека Никола Груевски ќе биде тој што така ќе реагира – вели Џафери.

Поврзани новости