Џафери: Следниот 8-ми Септември да го прославиме како членка на НАТО

by fokus

Наредниот 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, да го прославиме како членка на НАТО и во интензивни преговори со Европската унија, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери

„8 септември, заедно со двата Илиндена, како што народски ги нарекуваме, се троножецот врз кој е поставен и се развива Република Македонија. Ако генерациите илинденци од Илинден 1903 и Илинден 1944 се бореа храбро, а многу од нив ги дадоа и животите, граѓаните на 8 септември 1991 година, исто така, храбро, масовно гласаа за независна и самостојна Република Македонија. И пратениците од првиот состав на Собранието, храбро и визионерски ја преточија референдумската одлука во уставно-правна рамка со што Македонија од меѓународната заедница беше препознаена како суверен и самостоен меѓународен субјект“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на вечерашниот прием по повод Денот на независноста, кој се одржа во Собранието.

Поврзани новости