Џафери: Се прават напори да се најде решение со опозицијата за онлајн работење

by fokus

Се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за работа и гласање од далечина, со цел непречено функционирање на законодавниот дом, истакнал претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со британската амбасадорка во земјата Рејчел Галовеј.

Тој накратко ја запознал амбасадорката со сите преземени мерки од страна на Собранието за заштита на пратениците и собраниските служби од вирусот Ковид 19, информираат од собраниската прес-служба.

Во однос на спреченоста на пратениците поради изолација и самоизолација да учествуваат во парламентарната работа, согледувајќи ги искуствата од другите парламенти, Џафери, ја информирал Галовеј дека се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за работа и гласање од далечина, со цел непречено функционирање на законодавниот дом.

Поврзани новости