Џафери препозна петмина обвинети кои биле во Собранието на 27 април

by Fokus

Талат Џафери кој денеска сведочеше во Кривичниот суд, за обидот за убиството на пратеникот Зијдин Села, препозна петмина од обвинетите за кои рече дека на 27 април биле во Собранието.

Тој со прст ги посочи обвинетите Стојан Павловски, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Осавковски.

-Меѓу оние кои први влегоа во прес салата одговорно тврдам дека беа дел од обвинетите кои се во судницата. Тогаш се уште не беше поставен кордонот и можев да ги видам. Тие први почнаа да ги напаѓаат пратениците, рече Џафери одговарајќи на прашање на правниот застапник на оштетениот Зијадин Села.

Тој повтори дека не видел кој точно го нападнал Села.

В.В.

Поврзани новости