Џафери: Празникот нека донесе нова верба за здравје и надминување на пандемијата

by Фокус

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните од православната вероисповед за големиот христијански празник Велигден, посакувајќи убави празнични моменти.

„Упатувам искрени желби за добро здравје, лична и семејна среќа, лични и колективни успеси и радости. Големите празници се секогаш добра можност да се потсетиме на работите кои вистински ни го радуваат срцето, да ја засилиме вербата и надежта која треба да ја имаме за да ги надминеме предизвиците пред нас. Во овие години на пандемија се соочивме со особено голем предизвик, а тоа е нашето здравје и здравјето на нашите драги и блиски луѓе. Осознавме што значи и колку е болно од ден на ден да заминуваат во вечноста блиски и далечни, познати и непознати луѓе. Нека празникот донесе нова, силна надеж и верба во што побрзо надминување на пандемијата, закрепнување на економијата и колективно здравје на сите наши граѓани“, стои во честитката на Џафери.

Поврзани новости