Џафери: Празникот нека биде причина повеќе да споделувате убави празнични моменти со вашите најблиски

by Fokus

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

Честитајќи им го Божик на сите христијани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, спикерот Џафери им посака добро здравје, душевен мир, спокој, личен и колективен напредок.

Празникот, се вели во честитката на спикерот, нека биде уште една причина повеќе да споделувате убави празнични моменти со вашите најблиски и најдраги, секогаш водејќи се од мислата на скапоценоста на среќата и топлината што ја наоѓаме во сопствениот дом.

– Со празнувањето на Божиќ се слави добронамерноста и правењето на добрите дела, солидарноста и хуманоста, љубовта. Се слави вербата дека годината што ја оставивме зад себе, ни овозможи да согледаме колку е кревок човековиот живот и колку е значајно единството и меѓусебната поддршка. Се слави надежта дека во новата година, нема да бидеме ставени пред други предизвици кои го отежнуваат нашиот пат кон светла иднина. Среќни божиќни празници!, се наведува во честитката на спикерот Џафери.

Поврзани новости