Џафери: Ова парламентарно мнозинство, со придонес на опозицијата, може да направи значајни чекори напред

by fokus

На свечениот прием во Собранието по повод Денот на независноста, собранискиот спикер, Талат Џафери, рече дека сегашното парламентарно мнозинство може да направи многу, но и ја повика опозицијата да го поддржи во рефромите.

-Ова парламентарно мнозинство има храброст, има волја, а има и знаење и капацитет да направи значајни чекори напред, како на внатрешен, така и на надворешен план, во остварувањето на нашите стратешки цели дефинирани како што реков, пред дваесет и шест години. Секако дека во овие процеси очекувам свој придонес да даде и опозицијата, со аргументирана критика меѓутоа и со конструктивни предлози. А мнозинството е должно да создаде услови за опозицијата да може сето ова да го артикулира преку институциите на транспарентен начин пред јавноста. Се надевам дека сите ние кои сме во политиката, благодарение на довербата на граѓаните, ги научивме основните постулати на парламентарната демократија, изјави Џафери на приемот во Собранието.

Собранискиот спикер, исто така, им се заблагодари на пратениците од првиот состав на Собранието кои ја спроведоа волјата на граѓаните за независна Македонија.

Поврзани новости