Џафери: Од утре ќе се обидам да го ставам Собранието во функција

by fokus 14:12
14:12

По средбата со Хојт Ји, новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, изјави дека од утре ќе се обиде да го стави Собранието во функција. Тој не прецизираше кога ќе му испрати писмо на Иванов за новото парламентарно мнозинство и кога ќе закаже собраниска седница.

-Присуството на американскиот дипломат  ја потврдува поддршката од САД за новоизбраниот претседател на Законодавниот дом. Од утре ќе се обидам да го ставам собранието во функција и посакувам повредените при инцидентот на 27 април наскоро да закрепнат и да им се вратат на секојдневните обврски, изјави Џафери.

- Advertisements -

Тој додаде дека ќе постапи според надлежностите кои што ги има согласно Деловникот.

Поврзани новости