ВИДЕО Џафери: Не се оптеретувам со изјавите на Шешељ, дојден сум во официјална посета

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е во официјална посета на Србија во интервју за телевизија Н1 вели дека не се оптеретува со изајвите на Воислав Шешељ дека тој бил терорист.

-Јас не сум тука на повик на политичките партии, туку на повик на претседателката на парламентот, па во таа смисла мислам дека не треба да се одговори на дилемите на Шешељ. Не се оптеретувам со неговите изјави. Јас гледам за тоа што сум тука, а не за тоа што го прават политичките партии, изјави Џафери.

Претходно, од партијата на Шешељ прашуваа во кое својство Талат Џафери е во Белград, нарекувајќи го терорист.

-Однесувањето на другите не ме интересира. Моја обврска е да бидам на ниво на тоа што го претставувам, рече Џафери.

Поврзани новости