Џафери на гости кај Пендаровски

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се сретне со претседателот на парламентот Талат Џафери.

На средбата, како што се очекува, би требало да се разговара за законите усвоени во Собранието, а кои се уште чекаат на потпис на претседателот или пак се само со потпис на претседателот на Собранието.

Пендаровски веќе ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството, а за кои шефот на државата нема право на вето. За оваа недела тој најави дека ќе потпише други закони што беа донесени во трето читање откако екс претседателот Ѓорге Иванов ги врати кај пратениците.

Поврзани новости