Џафери му понуди на Косово споделување искуства за евроинтеграциите

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на средбата со заменикот на претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Косово, Беџет Пацоли во име на Собранието, изрази целосна подготвеност за споделување на искуствата во процесот на евроинтеграциите со колегите од косовскиот парламент и изрази надеж дека и таму ќе биде формирана пратеничка група за соработка македонското собрание.

-Македонија и Република Косово придонесуваат меѓусоседските односи во регионот да се издигнат на највисоко можно ниво, рече Џафери.

Косовнскиот министер, пак, изрази задоволство што границата ја поминал само со лична карта, особено поради фактот дека тоа била негова лична заложба во краткиот период додека ја извршувал функцијата претседател на Косово.

И Пацоли ги нагласи потребите пратениците од Парламентот на Косово да ја добијат експертизата од своите колеги од Македонија и меѓупарламентарната соработка да се развива на редовна основа.

Поврзани новости