Џафери ќе даде морална подршка на настраданите во Албанија

by Fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска ќе престојува во Република Албанија, соопшти собраниската прес-служба.

Како што е посочено и во соопштението, Џафери, ќе даде своја морална и институционална поддршка на настраданите од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 ноември и предизвика огромни материјални штети, но, пред сѐ, човечки жртви чијшто број за жал сѐ уште расте.

Поврзани новости