Џафери ја прекина седницата: Доста ми се жалите на Фејсбук, продолжуваме утре

by fokus

Само што започна, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата на чиј дневен ред беше законот за јавно обвинителство.

За збор се пријавија 30тина пратеници, а Џафери рече дека секогаш бил човечен и седницата ќе продолжи утре во 11 часот.

-Цел ден ми пишувате пораки дека сте изморени и ми се жалите на Фејсбук. Да знаете дека јас не работам преку Фејсбук. Секогаш сум бил човечен. Бидејќи се пријавија 30тина за збор, тука ја прекинувам седницата и ќе продолжиме утре во 11 часот, рече Џафери.

Поврзани новости