Џафери ги известил пратениците дека Заев е предложен за мандатар

by Фокус

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, денеска испратил известување до сите пратеници дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е предложен за мандатар за состав на нова влада, велат за Фокус собраниски извори.

Откако беа надминати правните и политичките пречки, претседателот Ѓорге Иванов вчера му го довери мандатот на Заев и веднаш испратил известување до Џафери, кој, како што предвидува собранискиот деловник, има рок од 3 дена за тоа да ги извести пратениците.

Сепак, првиот човек на Законодавниот дом воопшто не чекаше, туку тоа го стори уште првиот ден од рокот, по што тече рокот од 20 дена во кои мандатарот до собранието треба да предложи владин кабинет и владина програма.

В.С.

Поврзани новости