Џафери доби кривична пријава од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на Собранието, Талат Џафери за прекршување на Уставот, Законот за Собрание и собранискиот Деловник, поради, за како што велат, неуставното и незаконското донесување на Законот за јазиците.

Најголемата опозициска партија го товари Џафери за злоупотреба на службена положба и овластување, со попречување на уставно загарантираното право на пратениците да расправаат по веќе поднесени амандмани поднесени по забелешки на претседателот на државата и дека дозволил без расправа да се гласа Законот за јазиците.

Поврзани новости