Џафери: До сите што се двоумат, приклучете се на победничкиот караван за посветла иднина на Македонија

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот Марш за европска Македонија им порача на сите кои се двоумат, да се приклучат за посветла иднина на Македонија.

-Денес сме сите заедно да укажеме на неопходноста на овој процес. Заедно со премиерот, ние и денеска јавно го изразуваме нашето убедување дека 30 септември ќе биде пресвртница. И нашите нации се свесни за заедничките напори нашата држава да ги надминеме сите предизвици. Со референдумот имаме голема шанса за посветла иднина, додека тие што се двоумат им велиме приклучете се на победничкиот караван за повеќе приходи на нашите работници и поголема перспективна за сите нас и за нашата заедничка држава. Иако сме имале разични ставови, ЕУ и НАТО остануваат целите на кохезија. Сите зедно, масовно и храбро да тргнеме на ова патување, сега е дојдено време за реализација на овој 36годишен ангажман, рече Џафери.

Тој зборуваше на македонски јазик, а дел од говорот го преведе и на албански јазик.

Поврзани новости