Џафери до пратениците од ДПМНЕ: Не ми покажувајте со прст, научете да се однесувате

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по четврти пат побара едночасовна пауза, иако собраниската седница само што почна.

Собранискиот спикер Талат Џафери на „вмровските“ пратеници повторно им држеше лекција за културно однесување барајќи од нив да се извинат.

– Цело време барате паузи. Мене не ми покажувајте со прст, туку научете да се однесувате – им порача Џафери на пратениците.

Тој претходно во неколку наврати им нагласи дека е денеска е Ден на демократијата и да се откажат од паузата, но тие не го послушаа.

Поврзани новости