Џафери до пратениците од ДПМНЕ: Ако не знаете кој сум јас, јас сум претседател на Собрание и се додека зборувате во хор, нема да добиете збор

by Fokus 12:19
12:19

На денешната собраниска седница повторно настана кавга меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано зборуваат во хор незадоволни од работата на собранискиот спикер.

Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од своето место во собраниската сала му држеше лекции на Џафери како треба да се однесува како претседател и неколку пати му го постави прашањето, кој е тој да им кажува што да работат?

- Advertisements -

На тоа Џафери одговори дека ако Илија Димовски не знаел, тој е претседател на Собрание.

– Се додека зборувате во хор, нема да добиете збор – истакна Џафери.

Денеска продолжи осмото продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Поврзани новости