Џафери до опозицијата: Тражили сте, гледајте

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги замоли пратениците да не се шетаат и да не излегуваат од собраниската сала барем половина час додека трае седницата. На пладне седницата беше одложена затоа што немаше кворум, а на почетокот на продолжението во 15.30 часот повторно Џафери си имаше мака да ги собере на своите емста.

-Тунтев и другите седнете на своите места. Стрпете се да седите во салата барем половина час – порача Џафери.

Седницата продолжи со предлози на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се измени дневниот ред со отфрлање или преместување на некои точки. И покрај тоа што седницата почна вчера, се уште пратениците не го усвоиле дневниот ред, со што не може да се почне со разгледување на точките. Пратениците од опозицијата се противат на измените во Изборниот законик, кои сметаат дека неделовнички се најдоа на дневниот ред.

Џафери рече дека не се случило вака ВМРО-ДПМНЕ да опструира донесување на дневен ред.

-Имаше една емисија, многу гледана во 90-тите години „Тражили сте, гледајте“. Тоа е значи тоа. Шала на страна, но процедурата е таа. Во моментот кога Собранието одлучило да се разгледа точка по скратена постапка. Тоа значи.. Илија те молам не дофрлувај, пошто со Драган се расправаме.. тоа значи дека не се расправа по однос на потребата од носење таков закон, затоа што во скратена постапка со гласањето се утврдува дека има потреба и затоа веднаш се обврзува Комисија да закаже седница на која ќе се расправа. Таа точка не може да се разгледа на пленарна седница се додека не заврши Комисијата

На тоа пратеникот Драган Данев реплицираше.

-За македонската јавност ова е доволно. Сами рекоа дека ваква пракса до сега немало. Добро ја кажавте емисијата. Во ова парламентарно мнозинство се е можно – рече Данев.

Поврзани новости