Џафери: До крајот на денот ќе биде избран новиот состав на ДИК

by Fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за Макфакс вели дека на денешната седница, која очекува да трае до доцна вечер, ќе биде избран новиот состав на ДИК.

Според собранискиот спикер, во идните неколку часа треба да се закаже и комисијата за избори и именување, каде ќе се утврдат кандидатите кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК.

Џафери чека официјално известување за да се одлучи како ќе се постапува за измените во изборниот законик, кои денеска се ставени на пленарна седница. Сите собраниски тела треба да завршат со работа во текот на денот, а до вечер да биде избран новиот состав на ДИК.

Поврзани новости