Девојки измамени на плажа во Охрид, им рекле дека ги фотографираат за модели, а завршиле на сајт за контакти

by fokus

Против две лица од Охрид на возраст од 31 и 29 години се поднесени кривични пријави за злоупотреба на лични податоци, откако измамиле четири девојки. 29-годишниот К.К. и 31-годишниот Н.Ц. им рекле на девојките дека ги фотографираат за модна агенција, но нивните фотографии завршиле на сајт за контакти.

„На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се избирале  манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи. Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти“, велат од полицијата.

Поврзани новости