Девојката што се жалеше дека е тепана од обезбедувач во МВР пријавена како насилник

by fokus 15:02
15:02

МВР во денешниот билтен излезе со извештај за случајот кој стана тема во медиумите по Фејсбук статусот на велешанката Мирјана Георгиев која се пожали дека била нападната од обезбедувањето на основното училиште Васил Главинов во Велес поради тоа што се шетала со своето куче во дворот на училиштето.

Таа напиша дека била соборена на земја, а потоа влечена и удирана од бетонската ограда на училиштето, по што побарала спас од директорката но наишла на отпор и неразбирање за нејзината ситуација. Таа објави и фотографии на кои се гледаа низа повреди. Но според пријавата во МВР таа не била поредена, туку повреди имал обезбедувачот.

- Advertisements -

Еве го извештајот на МВР:

В.Б. (39) вработен како обезбедување од агенција за обезбедување во ОУ „Васил Главинов“ во Велес, на 7 јуни 2017 во  07.45 часот пријавил во Полициската станица Велес нарушување на јавниот ред и мир. Пријавил дека  бил физички нападнат од  М.Г. (29) од Велес, дека таа го шетала кучето и влегла во училиштето упатувајќи се кон канцеларијата на директорот нарушувајќи го непреченото одвивање на наставата.

На местото на настанот полицијата констатирала видливи повреди на лицето на В.Б., додека М.Г. лежела во ходникот покажувајќи знаци на нервен напад, поради што директорката на училиштето веќе повикала Итна медицинска помош. Полициски службеници при СВР Велес извршиле проверки при што е утврдено дека М.Г. од 2012 година примала терапија врз основа на медицински невропсихијатриски дијагнози. Итната медицинска помош исто така констатирала физички повреди кај лицето В.Б. додека кај М.Г. не било утврдено постоење физички повреди, но поради стрес и тахикардија таа итно била префрлена во велешката болница.

 

Извршени се разговори со други медицински лица, потоа со директорката на ОУ „Васил Главинов“ и благајникот на училиштето, а за целокупниот настан се изготвени службени белешки и се поднесени барања за поведување прекршочна постапка против М.Г. по член 12 и чл. 26 од ЗППЈРМ.

Истиот ден (7 јуни) во 12 часот М.Г. во Полициската станица Велес пријавила дека утрото била физички нападната од В.Б. најпрво во училишниот двор, а потоа и во ходникот на училиштето, а наредниот ден, 8 јуни, доставила во полицијата медицинска документација со констатирани повреди, иако тие се контрадикторни со прегледите на медицинските лица коишто непосредно по настанот ја прегледале М.Г.

СВР Велес работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости