Девојка од Македонија меѓу загинатите во Минхен?

by fokus 10:49
10:49

Косовските медиуми објавија информација дека меѓу загинатите во вчерашниот напад во Минхен има и Албанка од Македонија. Се претпоставува дека станува збор за Армела од Гостивар, а нејзината мајка изјавила дека го изгубиле контактот со неа.

-Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница, изјвила мајка и.

Во нападот во трговскиот ценар „Олимпија“ во Минхен убиени беа најмалку 10 лица, а 21 лице беа повредени.

Поврзани новости