Девојка од Кочани лажела на Фејсбук дека има корона

by fokus

Девојка на возраст од 23 години лажно објавила на својот Фејсбук профил дека има корона вирус и ги повикала сите со кои имала контакт да се тестираат.

Оваа објава ја споделила на 31 март околу 16 часот, иако воопшто не била тестирана.

ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.А.С.(23) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по чл.206 од Кривичниот законик.

Поврзани новости