Девојка од казино заработи кривична пријава затоа што на коцкар му уплатила 7.700 евра без покритие

by fokus

22-годишна девојка вработена во скопско казино заработи кривична пријава за кривично дело затајување затоа што на 33-годишен маж што се коцкал во казиното му извршила уплата без покритие на повеќе апарати. Вкупниот износ на уплатите бил 7.721 евра. Кривична пријава е поднесена и против 33-годишникот од Сарај.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и против Ш.Н.(33) од с.Сарај, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ во врска со „поттикнување“ и ,,соизвршителство“. На 31.07.2019 во времето од  07,00 до 15,00 часот во казино во Скопје првопријавената како вработена во казиното, во повеќе наврати извршила уплати на пари на повеќе апарати без покритие, додека второпријавениот со планирање на начинот и во договор со првопријавената, истата ја поттикнал во негова корист да уплати парични средства без покритие во вредност од 474.888 денари“, соопштија од МВР.

Поврзани новости