Деветмина починати од корона за едно деноноќие, најмладиот 48 години

by fokus

Во едно деноноќие во болнички услови починале девет лица заразени со Ковид -19, пациент од Виница на возраст од 70 години, двајца пациенти од Струмица на возраст од по 67 години, еден четириесет и осумгодишен пациент, шеесет и четиригодишен гостиварец, двајца пациенти од Тетово на возраст од 70 и 71 година, и двајца од Куманово на возраст од 68 и 77 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости