Деветгодишна казна затвор за Ѓоко Поповски за незаконската набавка на триста возила

by fokus

Екс помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски е осуден за незаконската набавка на триста возила за Министерството за внатрешни работи. Судијката Добрила Кацарска рече дека Поповски бил должен да се грижи за средствата на МВР и морал домаќински да се однесува, а не да дозволи штета од 27.894.522 денари.

Советот одлучил дека според стореното дело, тој е осуден на деветгодишна казна затвор.

-Тој бил сосема свесен дека со неговото постапување може да настане штета, но прифаќајки го извештајот се согласил на настапување на штета. Од телефонскиот разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски произлезе дека постапката била незаконита со начинот на распределба. Самата Јанкулоска рече дека тогаш направиле финта и на сите им дале на кој по 10 на кој по 20 возила, рече судијакта Добрила Кацарска во читањето на пресудата и додаде дека било сторено делото злоупотреба на службената должност.

Таа истакна дека 11 економски оператори доставиле понуда за сите возила. Комисијата не предложила избор на економски најисплатливите понуди. Договорите наместо да се склучат со прворангираните економски оператори, се склучувале со другите оператори.

-Исказот на сведокот Маја Малатова кажа дека не се согласувала со актите кои ги изготвувала комисијата и наведе дека кога постои критериум и има прворангиран економски оператор, а не може да се делат лотовите ако не постои таква стапка, рече Кацарска.

Поповски е осуден дека со јавната набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. 

Поврзани новости