Девет починати во период од 24 часа, тројца од Скопје

by Fokus 16:23
16:23

Во изминатото деноноќие починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар, соопштија од министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

- Advertisements -

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања и регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19, со ова, вкупно ковид дијагностицирани во земја се 4.057, оздравени се 1.710, починати се 188, а во моментов активни случаи се 2.159.

Поврзани новости