Девет од новозаболените се од иста фамилија од Чаир

by Fokus 13:26
13:26

Уште 12 новозаразени од Ковид 19 во Скопје во текот на денешниот ден, со што бројот на активни случаи достига 204, а вкупно заразени досега се 725, информираа од министерството за здравство.

Според информациите на „Фокус“, дури девет од заразените се од скопската општина Чаир и по еден од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош. Нашите извори уште информираат дека сите девет заразени од Чаир се од иста фамилија.

- Advertising -

Во последните десетина дена, Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.

Како што досега неколку пати најавија здравствените власти, семејните собири и групирањата се главните проблеми што по драстичното намалување на бројките на заболени од корона вирус, сега заразата повторно букна.

Северна Македонија се уште е во карантин, откако по предлог на Комисијата за заразни болести, владата донесе одлука од 48-часовен карантин, кој ќе заврши утре сабајле во 05 часот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости