Девет обесени и десет измасакрирани тела најдени на пат во Мексико

by fokus 09:24
09:24

Во западната провинција Мичокан, мексиканската полиција на еден надвозник пронајде девет обесени тела , и уште 10 измасакрирани тела, фрлени на блискиот пат, соопштија судски извори.

Обвинителството на државата Мичокан соопшти дека покрај обесените тела во градот Уруапан бил поставен и транспарент, на кој еден нарко клан се заканува на друг. Обесените луѓе претходно биле убиени од огнено оружје, при што некои се обесени со врзани раце, а други со спуштени панталони. Според локалните медиуми, иако транспарентот не бил многу читлив, се наѕира дека озлогласениот „Халиско“ клан се заканува на ривалскиот „Виагра“.

- Advertisements -

Во првата половина на 2019 година во Мексико е регистриран рекорден број убиства – 17.608, што е за 5,3 отсто повеќе отколку во 2018 година. Во земјата со 125 милиони жители понекогаш се случуваат и по 100 убиства дневно.

Поврзани новости