Девет години затвор за Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер во МВР во случајот Триста

by Fokus 13:11
13:11

Девет години затвор за Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер во МВР во случајот Триста. Оваа пресуда денеска во Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска.

Судијката му наложи на обвинетиот Поповски и да ја надомести паричната штета од 27 милиони денари.

- Advertisements -

По изрекувањето на пресудата, обвинителката Фатиме Фетаи побара обвинетиот Поповски да биде ставен во притвор.

„Поради тоа што обвинетиот е соо.чен со ригорозна казна од девет години, штетата која треба да ја надомести, и фактот што е обвинет во друг предмет, бараме мерка притвор, рече Фатиме која додаде дека постои опасност Поповски да избега како Грујевски и Бошкоски.

Адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков, истакна дека не е исполнет ниту еден услов за изрекување на мерка притвор.

Образложувајќи ја пресудата, судијката Кацарска истакна дека Поповски имал обврска да се грижи за средствата на министерството, а не да дозволи нивна злоупотреба.

Како што појасни Кацарска, во МВР бил спроведен тендер за набавка на 300 возила, кој бил поделен во лотови, па наместо тендерот да го добијат прворангираните економски најповолни компании, тендерскиот колач бил распределен произволно, по нечија желба. Па така се случило трето и четврторангираниот да добијат повеќе возила од прворангираниот.

За оваа набавка МВР потрошило 318 милиони денари, а направената штета е од 27 милиони денари.

В.В.

Поврзани новости