Девет години од смртта на Киро Глигоров

by Fokus

Делегација на Кабинетот на претседателот на Република Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше во состав: Миле Бошњаковски, генерален секретар и полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот.

– Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. За изградбата на самостојна Македонија даде личен печат со спроведување на референдумот за независност, донесување на новиот Устав, битката за демократска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и нејзина меѓународна афирмација, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Поврзани новости