Деца со интелектуална попреченост со велигденски ракотворби ќе собираат пари за дидактички материјали

by fokus 12:53
12:53

Утре во Струмица во малиот парк на булеварот „Маршал Тито” во периодот од 10 до 14 часот ќе се одржи хуманитарен настан.

Истиот го организира Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака. Хепенингот е по повод велигденските празници и ќе бидат претставени ракотворби со велигденски мотиви кои ги изработиле децата со интелектуална попреченост и нивните родители, членови на Порака.

- Advertisements -

Во паркот ќе бидат присутни и ученици од ООУ Видое Подгорец од Струмица, кои заедно со членовите на Порака ќе бојадисуваат јајца.

Посетителите на настанот ќе можат по симболични цени да ги купуваат ракотворбите, а парите собрани од продажбата ќе бидат наменети за опремување на Социјалниот клуб ЦПЛИП – Порака Струмица со дидактички материјали за работа кои им се потребни на децата.

Порака и во минатото има одржано голем број на креативни работилници како дел од нивната годишна програма.

Вики Клинчарова

Поврзани новости