Детална метео анализа: Следува уште поголем пораст на температурите

by fokus

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Локално ќе има и малку повеќе облаци но сепак врнежи не се очекуваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, особено долж Повардарието и на север, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Потоа за време на викендот времето ќе биде уште потопло и претежно стабилно иако во попладневните часови има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд, особено недела кога ќе има и повеќе облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Нова промена на времето се очекува во текот на ноќта понеделник кон вторник, што значи дека од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд, пад на температурите и снег на планините и на повисоките места. Најпрвин ќе започне да дува јужен и југозападен, потоа и северен ветер кој повремено ќе засилува.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости