Детална метео анализа: Следните неколку денови стабилно и суво, температурите во пораст

by fokus

Денес особено во северните предели од држвава, и тоа особено претпладнево ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени. Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и на снег и тоа особено претпладнево, максималната дневна температура ќе досстигне до околу 9 степени.

Потоа во следните неколку денови нашата територија ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и потопла воздушна маса. Времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот во понеделник и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе биде со умерен до засилен интензитет.

Сепак и покрај ова од утре па во следните неколку денови температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, на самиот почеток од следната недела максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината понатаму ќе има претежно стабилно и суво време со пораст на максималните дневни температури на воздухот, истите на почетокот од следната недела ќе се искачат до околу 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости