Детална анализа на времето за следните денови

by Fokus
Денес времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во западните предели ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во доцните попладневни и вечерни часови ќе има услови за сосема локален и краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Понатаму повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има повремен локален дожд, особено во попладневните и во вечерните часови. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи. Максималните дневни температури нема многу да се мениваат и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во следните денови во најтоплите предели истата ќе се искачи до околу 32 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости