Детали за вчерашната сообраќајка во Ново Село: Возачот пренесен на скопските клиники, сопатниците во „8-ми Септември“

by fokus

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за вчерашната сообраќајка во Ново Село за која пишуваше Фокус. Во сообраќајката, В.Д.(31) од село Чардаклија, штипско, управувајќи  патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб.

Од незгодата возачот В.Д. се здобил со повреди по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека сопатниците Р.К.(19) и С.К.(18), двајцата од Скопје се здобиле со телесни повреди кои им се констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“-Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости