Детали за несреќата во која загина тракторист кај Охрид

by fokus

Несреќата во која тракторист го загуби животот во атарот на селото Ливоишта се случила вчера околу 13 часот, покажа првичната истрага во врска со случајот.

Според СВР – Охрид, вчера во 13:15 часот во Службата за итна мединцинска помош била пријавена несреќата, во која животот го загубил 49-годишниот С.К. од Ливоишта. Полициската екипа што излегла на увид констатирала дека тој настрадал додека обработувал нива со трактор, при што изгубил контрола врз машината и дошло до превртување. Смртта ја констатирал лекар од Итната служба за мединцинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ливоишта се наоѓа десеттина километри северно од Охрид, на потегот меѓу селата Требеништа и Косел.

Несреќи како оваа се чести во земјата, тоа го потврдуваат и статистичките податоци. Според Македонското здружение за заштита при работа, најголемиот број несреќи во дејноста се случиле токму при манипулација со земјоделска машина – трактор, и тоа при вршење земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај.

Поврзани новости