Детали за несреќата кај “Оревче”: Громот удри во езерото, неколку метри од брегот

by fokus

Откако денеска беше објавена и информација дека неколку граѓани се полесно повредени на плажата “Оревче”, откако удрил гром, сопствениците на плажата излегоа со појаснување.

-Во врска со немилиот настан на плажа Оревче ве известуваме дека, според очевидците, громот удрил во езерото на неколку метри од брегот. Полесно беа повредени неколку гости кои седеа на три до пет метри од водата. Во моментот на громот воопшто немаше невреме или голем дожд, па затоа ништо не навестуваше дека ќе има таков силен удар. Веднаш реагираше спасувачот ангажиран од наша страна преку Црвениот крст Охрид, а да помогнат притрчаа и дел од гостите кои останаа присебни. За неколку минути паниката беше смирена, а неколкумина со лесни изгореници заминаа на лекарски преглед. Со оглед на лошите временски услови денеска на плажата немаше многу гости, а беше откажан и настапот на диџеите. Тимот на Оревче жали за немилиот настан, а на нашите гости им посакуваме брзо закрепнување“, соопштија од плажата “Оревче”.

Поврзани новости