Оваа година по 15-ти јубилеен пат, во организација на Град Скопје и ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, се одржува културната манифестација „Бела ноќ“.
За таа цел, распишан е отворен јавен повик, на кој заинтересираните уметници до 6-ти септември ќе можат да се пријавуваат и со тоа, да бидат дел од овогодинешната „Бела ноќ“.
Визуелните уметности, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите кои ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе можат да ги видат на “Белата ноќ“ во сабота, на 5-ти октомври.
Заинтересираните уметници апликацијата ќе можат да ја симнат од веб сајтот http://belanok.mk/ , а истата пополнета ќе можат да ја достават на адресата на ЈУ “Универзална сала“, Бул. Партизански одреди бр. 45, 1000 Скопје, со назнака “За Бела Ноќ“, или по електронски пат, на [email protected].
По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основ на квалитетот на делото, иновацијата како и карактерот во опсег на предложениот концепт, а конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот.