Детали за 93-от роденден на Зоолошката градина во Скопје

by Fokus
На 1-ви септември, ЈУ Зоолошка градина Скопје, слави голем јубилеј- 93 години од постоењето на градината.

По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката. 

Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.
За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.

Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.

 До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијаленидобитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.

Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.

Поврзани новости