Деспотовски: Да се фокусираме каков премиер ни треба

by Fokus

Вечерва, кандидатот за наследник на Зоран Заев, Јован Деспотовски во просториите на „Аудиокултура“ ја претстави својата програма насловена „Концепт – 28“ и го повика членството да го поддржат.

Како што презентираше Деспотовски, основна негова цел е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Македонија.

„Се фокусираме на тоа како наместо кој. Се фокусираме на тоа каков профил на човек за претседател на Влада ни треба. Не јас, не кадровско решение, туку каков. Има многу луѓе кои даваат свои предлози кои можат да се вклопат во тој профил“, истакна Деспотовски.

Поврзани новости