Дескоска за случајот со ќерката на Никола Димитров: Секој студент што ги исполнува условите има право за стипендија

by fokus

Денеска во дел од медиумите беше обелодеденето дека во изминатата година ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, добила степендија за школување од 40.000 долари, поранешната министерка за образование и наука, Рената Дескоска излезе со свој став.

Во изјава за „Макфакс“, таа порача дека нема привилегирање на ќерката на Димитров ниту дискриминирање на друг студент.

„Нема ниту нејзино привилегирање, ниту дискриминирање на кој било друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале. Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за ќерка на сегашен функционер. За случајот со ќерката на Димитров, законските рокови и условите се целосно испочитувани, затоа што МОН не влијае при упис на кандидатите на странски универзитет, туку доделува стипендија на сите деца кои ги исполнуваат условите без исклучоци, без привилегирање и без дискриминација“, изјави за „Макфакс“ сегашната министерка за правда, Рената Дескоска.

Поврзани новости