Дескоска: Венецијанската комисија препорача како да се избира претседателот на Судскиот совет

by fokus

Професорката Рената Дескоска вели дека Венецијанската комисија препорачала претседателот на Судскиот совет да се избира од членовите на советот кои не се избираат од редот на судиите. Нејзината реакција следува по пишувањата на одредени медиуми дека се партизира изборот на претседател на Судскиот совет.

-Читам денес на неколку портали се отвара темата околу законското решение за избор на претседател на Судскиот совет. Ова прашање го покренаа и некои лица кои во изминатиов период биле вклучени во градењето на концепт за раформи во правосудството, а не го прочитале мислењето на Венецијанската комисија за Законот за Судски совет од 2015 и од 2019 година. Имено во двете мислења, Венецијанската комисија препорачува претседателот на Судскиот совет да се избира од членовите на Судскиот совет кои не се избираат од редот на судиите. Оваа препорака ја аргументираат со тоа дека мнозинството членови на
Судскиот совет се избираат од судиите од нивните редови. Со цел да се направи баланс, кој би спречил „корпоративизам“ во Судскиот совет, се препорача законското решение кое беше усвоено со широк консензус од политичките партии во Собранието.

Затоа зад секој „бомбастичен“ наслов и „откритие“ треба да стои познавање на прашањето за кое се пишува!, напиша професорката на фејсбук.

Поврзани новости