Дескоска: Уставниот суд беше најслабата алка во решавање на правните прашања поврзани со вонредната состојба

by fokus

Професорката Рената Дескоска денеска учествуваше на конференцијата за вонредна состојба, организирана од
Претседателскиот центар за политичко образование.

Таа појасни дека прогласувањето на вонредната состојба минатата година беше одлука која се наметна како потреба за решавање на предизвиците кои произлегоа од пандемијата која беше прогласена во светот, но во исто време прогласувањето на вонредната состојба беше одлука која која сама по себе носеше нови, пред се правни предизвици.

-При постоење на скромна уставна рамка, без закон за вонредна состојба, Владата успешно се соочуваше и со здравствените и со правните предизвици во тој период.
За жал, од стручен аспект, Уставниот суд беше најслабата алка во решавање на правните прашања поврзани со вонредната состојба и направи конфузија по три прашања:

– Каков е карактерот на уредбите со законска сила?
– Колкаво може да е важењето на уредбите со законска сила?
– Кои човекови права може да бидат ограничени за време на вонредна состојба?

Искуството кое го имавме за време на вонредната состојба, прашањата кои се поставуваа за време и после вонредната состојба кај мене недвојбено го наметнуваат заклучокот од потребата од законско регулирање на евентуална ваква идна состојба. Нашиот устав не познава состојба на криза, а имаме закон за кризна состојба. Уставот познава вонредна состојба, вели и дека Владата во согласност со устав и со закон носи уредби, но закон не е донесен.

Затоа ја поддржувам иницијативата на Министерството за правда за подготовка на закон кој ќе ги регулира постапките и прашањата поврзани со вонредната состојба, но посакувам после неговото носење, тој закон никогаш да не биде применет во пракса. Прв пат посакувам еден закон да остане мртво слово на хартија. Никогаш да не ни се повтори вонредна состојба!, истакна Дескоска.

Поврзани новости